Пред три дена ја победија Барселона, а сега Димитриевски и Рајо доживеаа дебакл од најслабиот тим

Екипата на Рајо Ваљекано изненадувачки убедливо со 4:0 загуби на гостувањето кај Елче во меч од 32 коло на Примера дивисион. Овој пораз е неочекуван посебно ако се знае дека Елче е најслабиот тим во елитното фудбалско друштво во Шпанија и имаше низа од шест порази, но денеска се израдува.

За Елче ова е само трета победа сезонава и тимот остана закован на дното на табелата со само 16 бодови, дури 12 помалку од 19-то пласираниот Еспањол. Рајо е со 43 бодови на деветото место и сега има минимални шанси да се бори за излез во Европа.

Елче уште на стартот тргна офанзивно и домаќините имаа одлична шанса во шестата минута, но Димитриевски одлично одбрани.

https://twitter.com/i/status/1652320134877331458

Во 27 минута, гостите од Мадрид останаа со играч помалку по директниот црвен картон Лејеунте, па од тука почнува падот во играта на Рајо Ваљекано. Во судиското надополнување од првото полувреме, Тете Моренте погоди за водство на Елче од 1:0, а во првите 10 минути од вториот дел, домаќините постигнаа уште два погодоци. Најубедливата победа Елче ја потврди со четвртиот гол во 72 минута.

Рајо пред само три дена го победи лидерот Барселона со 2:1, а сега доживеа дебакл од најслабиот тим, што само покажува за променливата игра и форма на овој тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести