Предиграта во Париз почна, пукање пред хотелот на Барса во 4 наутро (Видео)

Честа појава е навивачи да ги вознемируваат гостинските фудбалери среде ноќ со пукање во близина на хотелот во кој спијат вечерта пред важниот меч, а таа пракса се повтори и рано утрово во Париз.

Навивачи на Пари Сен Жермен во 4.10 часот пукаа со разни пиротехнички средства околу хотелот во кој се сместени играчите на Барселона, со надеж дека ќе ги остават без спиење и нормален одмор во пресрет на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Според француските медиуми кои објавија и снимка, настанот сепак поминал без поголеми проблеми, освен непријатностите и прекинот на сонот што им биле создадени на играчите на Барселона и на жителите кои живеат во околината.

На Каталонците ова им се случуваше и пред осминафиналното гостување во Неапол кај Наполи.

- Оглас -

Најнови вести