Предвреме заминаа, па наместо од трибина, на ТВ го видоа лудиот пресврт на Манчестер (Видео)

Стотици, а можеби и илјадници навивачи на Манчестер јунајтед не можеа да гледаат како нивниот миленик губи од Лион со 2-4 на 7 минути до крајот на продолженијата, па решија да ги напуштат трибините на „Олд Трафорд“ и да се упатат кон дома.

Но, зажалја што го направија тоа. Црвените ѓаволи направија епски пресврт кој го почна Фернандеш од пенал, а го комплетираше Мегваер.

На социјалните мрежи се појави снимка од ходниците на „Театарот на соништата“ каде оние малери кои предвреме си заминаа, голот на Мегваер сепак го видоа, но не во живо од трибина, туку на телевизија.

- Оглас -

Најнови вести