Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина донесе одлука за прекин на првенството во оваа земја. Оваа одлука треба да ја потврди Извршниот одбор и да биде дефинитивна.
По 22 одиграни кола, Сараево како водечка екипа во првенството ќе биде прогласен за нов првак во земјата и ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите. Во фудбалската Европа место ќе има и за Железничар, Зрински и Борац, а од елитната лига ќе испаднат Челик и Звијезда. Во Првата лига место обезбедија Олимпик и Крупа. До прекинот на натпреварите, Сараево имаше 45 бодови, три повеќе од Железничар, а седум повеќе од Зрински. Младост е клубот кој може да биде најсреќен затоа што со 18 бодови има еден повеќе од Челик, кој ќе испадне.
Освен во првенството, прекинати се мечевите и во Купот на БиХ, а причина поради која шампионатот нема да се одигра е пандемијата од корона-вирусот.