9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Прекинат мечот Куманово – Чаир

Натпреварот од кошаркарската Суперлига помеѓу Куманово и Чаир беше прекинат после само две минути игра и водство на кумановци од 2-0, и тоа поради необична причина.

Откако еден од играчите на Чаир се излизга на теренот, гостинската екипа побара прекин. Паркетот во спортската сала во Куманово беше лизгав, па безбедноста на играчите беше загрозена и судиите и делегатот немаа друг избор освен да ја прекинат средбата.

Ова е втор пат натпревар на МКК Куманово да биде прекинат поради лизгав под.

Неофицијално, проблемот е што се користи несоодветно средство за чистење по ракометни натпревари за отстранување не лепилото кое се користи од страна на ракометарите.

Договорено е мечот да се доигра утре.

- Оглас -

Најнови вести