Прекинато првенството, целата боливиска лига била наместена

Фудбалската федерација на Боливија ги прекина првенствата во двете најсилни лиги во оваа земја поради местенки.

Полицијата и обвинителството на Боливија изминатиот период вршеле истрага поради манипулација со резултати во двете најсилни лиги, а предмет на истрагата беа челниците на клубовите, фудбалери и поголем дел од судиите.

Откако во медиумите се појавија дел од прислушуваните разговори на кои се слуша како Против, одлучи да ги прекине првенствата во двете најсилни лиги.

Според медиумите од оваа земја, во шемата со местенки се вклучени луѓе од управата на повеќе од половина екипи во двете лиги, фудбалери и судии, а Федерацијата побарала од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол) да ѝ дозволи да организира првенство во скратен облик и кое треба да се одигра од крајот на месецов до крајот на декември.

Исто така побарана е целосна забрана за обложување на натпревари од боливиските лиги. До моментот на суспензија на првата лига, лидер беше екипата на Стронгест со 49 бода, шест повеќе од Насионал Потоси и осум од Боливар. Но, многу понеизвесно беше во битката за опстанок, каде што шест екипи беа сместени во три бода.

- Оглас -

Најнови вести