Наполи му го честиташе 60-тиот роденден на Диего Армандо Марадона со прекрасна видеочеститка објавена на официјалниот твитер-профил на клубот.
Една од најголемите фудбалски легенди на сите времиња играше во златната ера на Наполи и успеа со соиграчите да ги освои Скудетото и пехарот во УЕФА купот.
„Го видов Марадона“ е насловот на видеото што Наполи го објави како честитка за роденденот, а навивачите додадоа дека Диего е бесмртниот син на клубот.
https://twitter.com/sscnapoli/status/1322103448452489216?s=20
„Ни донесе слобода, радост, успеси со кои Неапол ѝ пркосеше на цела Италија“, се сеќаваат повозрасните навивачи од времето кога на „Сан Паоло“ играше фудбалскиот велемајстор Диего Армандо Марадона и кога се освојуваа и титули во конкуренција на моќните Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио…