Прекрасна идеја, тешко болниот Ериксон да го води Ливерпул барем на еден меч

Легендарниот тренер Свен-Јоран Ериксон пред неколку дена за шведските медиуми откри дека ќе ја загуби борбата со тепката болест и дека во најдобар случај му останува уште една година живот, но и дека има една неостварена желба.

Ериксон откри дека има рак на панкреасот и дека во животот највеќе жали што не го тренирал Ливерпул.

Ериксон е голем навивач на Ливерпул уште од своето детство, исто како и неговиот татко, а англиските медиуми и дел од легендите на Црвените дојдоа до идеја, Швеѓанецот сепак да го води англискиот тим на еден натпревар.

Според замислите на медиумите и на најголемата играчка легенда на Црвените, Кени Далглиш, Ериксон би бил тренер на мечот меѓу легендите на Ливерпул и Ајакс кој е закажан за март годинава и кој има хуманитарен карактер.

- Оглас -

Најнови вести