Магично е да си Андрес Иниеста (Фото)



Убаво е да си Андрес Иниеста, легенда на шпанскиот фудбал, омилен на сите стадиони на планетата и фудбалер со колекција преполна со пехари и индивидуални признанија.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот сè уште е активен, а педантните аналитичари му изброија точно 40 трофеи во пребогатата кариера.

Моментно е фудбалер на јапонскиот Висел Кобе, а веќе има два трофеи и со нив. Еден му е ланскиот освоен во таканаречениот „Емперор куп“, а уште еден пехар освои годинава во Суперкупот на Јапонија.

Останатото се знае, Андрес и буквално жнееше пехари и индивидуални признанија во текот на долгата 18-годишна авантура во каталонскиот и шпански гигант Барселона и, секако, во дресот на шпанската репрезентација.

Со Барса четири пати го крена пехарот во Лигата на шампионите, а со Шпанија е двоен европски првак и еднаш и светски фудбалски владетел.

 

- Оглас -

Најнови вести