Прекрасно изненадување на Милан: Подарок потпишан дрес за 100 годишна бабичка (видео)

Фудбалскиот гигант Милан приреди прекрасно изненадување за својот можеби најстар верен навивач. Стогодишната бабичка Инес доби подарок дрес потпишан од сите членови на Росонерите за нејзината лојалност кон клубот.

Како што кажа Инес во видеоприлогот, таа навива за Милан повеќе од 80 години, а нејзината љубов кон клубот се развила кога била тинејџерка. Иако последен пат на „Сан Сиро“ била на 87 години, Инес редовно ги следи случувањата во Милан, а ги наброи кои се нејзините омилени играчи.

Барези, Костакурта, Гатузо, холандското трио Ван Бастен, Рајкард и Гулит се фудбалерите кои Инес ја правеле среќна во минатото, а се надева дека ќе доживее нови успеси на Милан, иако во изминативе неколку сезони Росонерите се далеку некогашните остварувања.

- Оглас -

Најнови вести