Таткото на починатиот француски боксер Алексис Вастин, Алајн, ја ставил опремата од својот син која ја носел на ОИ 2012 на аукција со цел да собере средства кои ќе ги донира за медицинска опрема.
Облеката со која Алексис го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон беше продадена за 5.000 евра, а ја купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ајмерик Лапорт. Лапорт веднаш откако ја купил опремата му ја вратил на таткото на Вастин за да може да си ја чува како спомен.
Инаку, Алексис Вастин во 2015 година трагично го загуби животот на 28 години во хеликоптерска несреќа.