Премиер лигата и дефинитивно се враќа викендов ама три средби меѓу кое и едно дерби веднаш се одложени

Премиер лигата и официјално ќе се игра претстојниот викенд. Ваква одлука донесоа челниците на ФА, а како што беше објавено и денеска претпладне, се враќаат активностите во пониските англиски лиги.

Но, веднаш со оваа вест беше објавено дека и три средби ќе бидат одложени, меѓу кое и големото дерби меѓу Челзи и Ливерпул која требаше да се игра во недела од 17:30 часот.

Втората е исто така од недела, каде требаше да се сретнат Манчестер јунајтед и Лидс, додека единствена саботна одложена средба е таа меѓу Брајтон и Кристал Палас.

 

- Оглас -

Најнови вести