Убава вест: Од утре се враќа фудбалот во Англија!

Англиската фудбалска федерација издаде соопштение во кое се вели дека мечевите од најсилните лиги во земјата ќе продолжат да се играат од утре, во предвидените термини. Тоа значи дека мечевите кои се на распоред во Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 како и средбите во Лигата на шампиони кои треба да се играат во Англија, ќе бидат во предвидениот термин.

Сите мечеви ќе се играат според протоколот во склад за деновите на жалост во Велика Британија поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Пред секој меч не има минута молк, а знамињата ќе бидат на половина од јарболот.

 

- Оглас -

Најнови вести