Англиската Премиер лига воведува новост во пресрет на новата сезона, која започнува во петок со мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам. Поради бројните критики од изминатите сезони, одлучено е одлуките на ВАР-судиите да се објавуваат јавно и во живо, и тоа на социјалната мрежа „Твитер“.
За таа цел раководството на Премиер лигата креираше профил на „Твитер“ и одлуките ќе се објавуваат јавно и во реално време.
Welcome to the Premier League Match Centre X account. This page will provide live updates from Stockley Park including information directly from the VAR Hub. We will issue near-live updates on operational matters from all matches – including clarification on refereeing and VAR.
— Premier League Match Centre (@PLMatchCentre) August 13, 2024