Првото квалификациско коло во Лигата на шампионите што го означи стартот на новиот циклус во луксузното натпреварување ќе се памети по неверојатно добриот почеток на домашните екипи.
Македонскиот првак Шкупи беше една од нив и лесно го победи Линколн Ред Импс со 3:0, а уште пет клуба победија на свој терен и гостите немаат ниту една победа на вкупно 8 почетни меча во квалификацискиот циклус.
Само Клуж од Романија и литванскиот Жалгирис успеаја да избегнат пораз и ремизираа на гости кај Пјуник, односно со Балкани.
Во Ереван, во премиерниот меч Клуж одигра без голови со Пјуник, а Жалгирис во Приштина одигра 1:1 против Балкани.
Победи на свој терен покрај Шкупи забележаа и Малме против Викингур со 3:2, Лудогорец со Сутјеска со 2:0, Лех против Карабах со 1:0, ТНС против Линфилд со ист резултат и Шемрок против Хибернијанс со 3:0.
Реваншите ќе се играат за една седмица.