Бразилскиот интернационалец, Ендрик, во Реал Мадрид пристигна како голема ѕвезда кога наполни 18 години, но со доаѓањето на Чаби Алонсо за тренер на „кралевите“, тој одигра само 14 минути и јасно е дека ќе мора да си бара нова фудбалска средина.
Шпанските, но и француските медиуми, наголемо пишуваат за позајмица на Ендрик во Лион, која треба да се реализира зимава, но сега може работите да се променат.
Интерес за Бразилецот има од Челзи, од каде немаат ништо против да го позајмат, но и целосно да го откупат неговиот договор. Ендрик не е расположен за трансфер и сака да се докаже во Реал Мадрид, но „сините“ се упорни и подготвени да чекаат колку што е потребно.

