Премиерлигаши му се конкуренција на Милан во трката за потпис со канадски репрезентативец

Канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид, кој настапува за Лил, е главна мета на Милан во наредните два преодни рока, објави новинарот кој е експерт за трансфери, Фабрицио Романо.

Според Романо, планот на Милан е по потписот со Дејвид да тргне налето, но ќе мора да побрза бидејќи за напаѓачот постои интерес и од три неименувани премиерлигаши кои се подготвени да платат колку што бара Лил. Откупната клаузула за Дејвид изнесува 60 милиони евра.

Џонатан Дејвид во Лил пристигна во 2020 година од Гент во трансфер вреден 20 милиони евра и на 154 меча постигна 62 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести