Премиерлигаши се тепаат за француски репрезентативец, почетната цена е 60 милиони евра

Екипите на Ливерпул и на Тотенхем сериозно се заинтересирани во зимскиот преоден рок да го донесат 24-годишниот Рандал Коло Муани и се подготвени да издвојат 60 милиони евра, пишуваат германските медиуми.

Французинот летово пристигна во Ајнтрахт Франкфурт како слободен играч откако му заврши договорот со Нант и веднаш се наметна во составот на германскиот тим постигнувајќи осум гола и имаше 11 асистенции на 23 натпревари.

Одличните игри му донесоа и повик од францускиот селектор Дидие Дешан да настапи во Лигата на нации. Коло Муани дебитираше во победата на Франција од 2:0 над Австрија, но, не успеа да се најде на првичниот список на патници за Светското првенство во Катар.

Сепак, повредата на Кристофер Нкунку го натера селекторот Дешан да го повика Коло Муани во Катар кој во натпреварот од третото коло во групната фаза против Тунис ги одигра сите 90 минути.

Весникот „Билд“ пишува дека Ајнтрахт нема намера да го пушти Коло Муани во зимскиот преоден рок за помалку од 60 милиони евра, додека некои француски медиуми споменуваат сума од 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести