Премиерлигата како Серија А, нема да продолжи пред 1. јуни

Премиерлигата ќе продолжи на почетокот на јуни, објави британски „Телеграф“ со напомена дека таа е реалната опција за која размислуваат челниците на најквалитетната англиска фудбалска лига.

Тоа би било слично сценарио за кое размислуваат и Италијанците за нивната Серија А, а го објави „Ла Република“ пред некој ден.

Според „Телеграф“ поради ситуацијата со Коронавирусот нема шанси првенството во Англија да продолжи во мај, како што се најоптимистичките варијанти, откако веќе е јасно дека од фудбал на Островот ќе нема ништо во април.

Премиерлигата би требало да се одигра за месец и пол, ако почне на почетокот на јуни, а треба да се доиграат 9 кола, со тоа што некои прволигаши имаат и по 10 меча за доигрување.

Следната сезона би почнала на 8. август, па распоредот ќе биде згуснат, особено за екипите од Англија што останаа во игра за титулите во Лигата на шампионите и во Европа Лигата.

- Оглас -

Најнови вести