Премиерлигата реагираше – Одложени се натпреварите до 4. април

Премиерлигата ќе мирува до 4. април, а одлуката што веќе ја донесе фудбалската асоцијација на Англија, или популарната ФА треба само и официјално да биде соопштена.

Во тек е кризниот состанок на челниците во англискиот фудбал, а поради неколку случаи со заразени фудбалери со коронавирус нема да се игра и во Премиерлигата и во Чемпионшип.

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, потоа и Бенџамин Менди од Манчестер сити и Хадсон Одои од Челзи веќе се потврдени дека имаат коронавирус, а и неколку фудбалери од Лестер, Ватфорд, Евертон и Астон вила имаат симптоми на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести