Премиерлигата се штити со казни – Подготви пеколен коктел од 30-ки за екипите што би играле во Суперлигата

Судот во Мадрид денеска донесе позитивна пресуда за трилингот бунтовници, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус кои се надеваат дека повторно ќа ја оживеат идеата за формирање на Суперлига на Европа.

УЕФА го загуби спорот и мора да ги повлече сите санкции кои ги изрекоа против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус во наредните пет дена.

Сепак радоста на трилингот бунтовници кои не се повлекоа, иако првичниот обид за формирање Суперлига пропадна експресно за 48 часа ја помати акцијата на раководството на англиската Премиерлига.

Тие подготвија строги казни за учесниците во евентуалната нова Суперлига, а тие се големи. Сите екипи што би учествувале во новиот проект на европските клупски гиганти би морале да платат казна од 30 милиони евра и ќе се соочат со негатива од 30 бода, што за дел од нив речиси сигурно би значело и испаѓање од најсилната англиска лига.

Токму англиските екипи Челзи, Манчестер јунајтед и Сити, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем со повлекување во последен час го урнаа проектот наречен Суперлига на Европа во првиот обид.

 

- Оглас -

Најнови вести