Иако летниот преоден рок ќе започне на 1-ви јули, поголем дел од екипите се нетрпеливи и веќе потрошија повеќе од 600 милиони евра за засилувања.
Најголемиот трансфер го направи Арсенал кој вчера се согласи да плати 120 милиони евра отштета за најдобриот играч на Вест хем, Деклан Рајс.
Веднаш зад Арсенал, е Реал Мадрид кој на Борусија Дортмунд и искешира 103 милиони евра за Џуд Белингам, кој стана 15-от фудбалер за кого некој тим платил најмалку 100 милиони евра.
По нив следуваат двајца напаѓачи кои потпишаа за лондонски екипи. Каи Хаверц го чинеше Арсенал 70 милиони евра, додека Челси плати 60 милиони евра на Ред Бул Лајпциг за Кристофер Нкунку.
Саудискиот Ал-Хилал засега го има петтиот трансфер, на Вулверхамптон му плати 55 милиони евра за Рубен Невеш.
Денеска, ПСЖ се согласи да му плати 50 милиони евра на Баерн Минхен за дефанзивецот Лукас Ернандес.
На листата на 10 најголеми трансфери досега се наоѓаат и тие на Џејмс Медисон од Лестер во Тотенхем, На Педро Поро од Порто во Тотенхем, на Алексис Мекалистер од Брајтон во Ливерпул и на Жоао Педро од Вотфорд во Брајтон.
Вкупната сума која екипите ја потрошија за досега најголемите десет трансфери изнесува 625,5 милиони евра.
До крајот на летниот преоден рок се очекуваат уште неколку големи трансфери, а голема е можноста и да биде соборен рекордот на Нејмар за кого ПСЖ плати 222 милиони евра, бидејќи најверојатно Килијан Мбапе ќе си замине од „Паркот на принцевите“.
Топ 10 најголеми трансфери досега
Деклан Рајс од Вест хем во Арсенал за 120 милиони евра.
Џуд Белингам од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид за 103 милиони
Каи Хаверц од Челси во Арсенал за 70 милиони
Кристофер Нкунку од Ред Бул Лајпциг во Челси за 60 милиони
Рубен Невеш од Вулверхамптон во Ал-Хилал за 55 милиони
Лукас Ернандес од Баерн Минхен во ПСЖ за 50 милиони евра
Џејмс Медисон од Лестер во Тотенхем за 46,3 милиони
Педро Поро од Спортинг во Тотенхем за 45 милиони
Алексис Мекалистер од Брајтон во Ливерпул за 42 милиони
Жоао Педро од Вотфорд во Брајтон за 34,2 милиони