Преодниот рок уште не почнал, а Борусија Дортмунд го доби џекпотот

Борусија Дортмунд успеа во своите редови да го доведе Ерлинг Халанд од Салцбург. Норвешкиот тинејџер е откритието на сезоната, а Милионерите успеаја да го доведат во своите редови само за 22,5 милиони евра. Халанд на 3 јануари треба да се приклучи на новите соиграчи во германскиот тим.

Халанд имаше блескава полусезона во дресот на Салцбург, каде што во 22 меча даде 28 погодоци. Со Борусија потпиша договор до јуни 2024 година. Милионерите од Дортмунд успеаја да го доведат Халанд за кого се интересираа и Манчестер јунајтед и Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести