Препродаваше билети за натпреварот Црна Гора – Србија, на крајот доби пријава од полиција (Фото)

Интересот за балканското дерби помеѓу Црна Гора и Србија е голем, билетите се распродадени, а на стадионот се очекува „да врие како во кошница“. Оваа ситуација сакаше да ја искористи еден Црногорец, кој на социјалните мрежи објави оглас дека продава два билета за натпреварот по цена од 499 евра. Билетите ги купил само за 5 евра.

Од полицијата во Бијело Поље објавија дека на огласувачот му е поднесена прекршочна пријава, а Јавниот обвинител изјави дека нема услови за кривична пријава.

- Оглас -

Најнови вести