Пресметано е колкави се шансите Манчестер сити да биде шампион на Англија

Манчестер сити со 20 победи во низа вечерва го пречекува Вулверхемптон во меч од 29-тото коло на Премиер лигата. Граѓаните се во потера по светскиот рекорд кој изнесува 25 победи по ред, а вечерва ќе имаат вистински предизвик.

Вулверхемптон е тим кој може да се пофали дека трипати во последните четири средби го има победено Манчестер сити, но сезонава лидерот во Премиер лигата со 3:1 славеше на гости кај Волците. По досега одиграните 26 кола, односно точно две третини од првенството, Сити има 62 бода, дури 12 повеќе од Манчестер јунајтед, кој е втор.

По направените пресметки, Англичаните веруваат дека Манчестер сити има неверојатни 99,9 отсто шанси за да биде новиот првак во Премиер лигата. Преостанатиот 0,1 процент е на страната на Манчестер јунајтед, додека сите останати клубови се без шанса дека може да се радуваат на трофејот во првенството на Англија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести