Пресврт: Ќе гледаме бундеслигашки фудбал во мај!

Бунделигата сепак ќе се врати во натпреварувачки погон уште овој месец, одлучи германската влада на денешниот состанок. Канцеларката Ангела Меркел конечно даде зелено светло за рестарт на сезоната во двете првенства, откако се појавија шпекулации дека ќе има нови одложувања.

Во игра се три датуми за кои треба да одлучат челниците на Фудбалската федерација, ќе се бира меѓу 15, 22 и 29 мај. Одлука најверојатно ќе се донесе уште утре, порачуваат тамошните медиуми.

- Оглас -

Најнови вести