Иако сите најавуваа добри вести, Бундеслигата повторно доби одложување!

Ќе поминат и повеќе од два месеци пред да гледаме врвен европски фудбал. Ова стана јасно откако канцеларката на Германија, Ангела Меркел, на денешниот состанок ставила вето околу одлуката фудбалското првенство да продолжи на 15 мај.

Властите инсистираат фудбалерите на сите клубови во првата и втора Бундеслига прво да одат во двонеделен карантин, а тоа значи дека првенствата нема да може да започнат пред 22 мај. Ова е второ одложување на продолжувањето на фудбалот во Германија. Деновиве беше извршено тестирање на фудбалерите во двете најсилни лиги и беше утврдено дека само 10 луѓе биле позитивни на корона-вирусот, но и тоа беше доволно сега да се побара нов двонеделен карантин за фудбалерите кои ќе може да тренираат во тој период.

Првично се најавуваше дека фудбал ќе има на 9 мај, потоа тој датум беше пролонгиран за една недела, а сега следува ново одложување. Челниците на германскиот фудбал инсистираат да продолжи фудбалот затоа што тоа е сектор во којшто работат 56.000 луѓе.

Во Германија треба да се доиграат уште девет кола до крајот, а според проценките, ако се одиграат сите мечеви до крајот, клубовите ќе соберат околу 300 милиони евра, сума која ќе амортизира дел од загубите кои досега ги претрпеа. Од вкупно 36 клуба во двете најсилни лиги во Германија, дури 10 најавија дека се пред банкрот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести