Пресврт: Македонија сега е фаворит и според освежените квоти во Sport Life

Се намалува коефициентот за победа во корист на Македонија во пресрет на денешната пресметка против селекцијата на Бугарија на стартот од Лигата на нациите.

Од првичната квота 2.75 за „двојка“, Рисовите сега се фаворити и според Sport Life со 2.55 коефициент за триумф, што само потврдува дека избраниците на Благоја Милевски денес ќе треба да ги оправдаат сите очекувања и да означат успешен старт на мисијата „пласман на ЕП 2024“.

За потсетување, 18 часот е терминот во кој целата македонска нација ќе го насочи своето внимание кон дуелот во Разград и ќе бодри за победа на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести