Пресврт на Рамос: Останувам во Реал Мадрид (Видео)

Серхио Рамос на прес-конференција ги прекина сите шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата и објави дека останува во Реал Мадрид до крајот на договорот.

Стоперот на Кралскиот клуб пристигна во Мадрид во 2005 година, а има важечки договор до 2021 година.

„Имав понуда од Кина, и тоа многу богата, но за мене економскиот ефект никогаш не бил пред фудбалскиот. Мојот сон е да се пензионирам тука, во Реал Мадрид. Јас сум капитен на Реал и се чуствувам прекрасно тука“, изјави Рамос.

Рамос со Реал освои неверојатни 20 трофеи за 14 години, а меѓу нив се покерите од Лигата на шампионите и од Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести