Пресврт: Реал ќе го пушти Модриќ во Интер, но во замена сака двајца играчи

Носителот на Златната топка за 2018 година, Лука Модриќ може да си замине од Реал Мадрид, и тоа уште во зимскиот преоден рок. Новата дестинација на Хрватот би била Италија, и тоа во екипата на Интер. Сепак, за да се случи такво нешто, италијанскиот клуб ќе мора да исполни два услова.

Реал Мадрид веднаш би го продале Модриќ, но во замена за капитенот на Интер, Мауро Икарди, и дефанзивецот Милан Шкрињар. Лука сезонава даде само еден гол, и тоа во финалето на Светското клупско првенство против Ал-Аин, кога Кралевите стигнаа до планетарниот трон. Офанзивниот играч за врска сезонава има и четири асистенции.

Реал го даде својот услов, сега останува Интер да размисли дали е исплатливо да се купи 33-годишен играч во замена за двајца фудбалер, од кои едниот е капитен на „нераѕурите“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести