Пресврт во односите на Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо!

Англиските медиуми најавуваат дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед во јануари. Менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, се премислил и веќе нема тврда позиција дека Португалецот останува во тимот до крајот на сезонава, туку ако дојде добра понуда, нема да се спротивстави на заминувањето на Роналдо.

Летоска холандскиот стручњак не сакаше ни да слушне за продажба на Роналдо и покрај желбата на фудбалерот да ја смени средината. Роналдо сака да игра во екипа која се натпреварува во Лигата на шампионите, но единствената реална понуда ја доби од садискиот Ал-Хилал.

Кристијано сезонава најчесто ја грее клупата за резерви, во Премиер лигата нема дадено гол, единснтвениот погодок сезонава му е од пенал против молдавскиот Шериф во Лигата на Европа.

Роналдо се надева дека ќе биде во добра форма на Светското првенство во ноември и декември и дека тоа ќе му ги зголеми шансите за трансфер во јануари, па напролет да игра во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести