Екипата на Партизан направи пресврт за паметење и од 2-0, успеа да дојде до победа од 2-3 против новиот српски суперлигаш ИМТ Белград.
ИМТ преку Вукиќ во 5-тата минута и Коџиќ во 56-тата минута имаше високи 2-0 и беше на прагот со сензационална победа, но во продолжение од мечот “црно-белите“ постигнаа три погодоци за да дојдат до планираните бодови.
Најпрво Салдања во 70-тата минута намали на 2-1, а Начо во 90-тата од пенал израмни на 2-2. Длабоко во судиското надополнување на времето, односно во 95-тата минута Николиќ стрелаше за комплетирање на пресвртот на Партизан.