Претходните два дуели на Шпанија и Хрватска завршуваа „икс во икс“, одлична е квотата за пак да биде така

Меѓусебните дуели на фудбалските репрезентации на Шпанија и Хрватска во последните години се многу интересни, неизвесни, и тоа е препорака дека овој меч од 18 часот мора да се гледа.

Претходните две пресметки на Црвената фурија и Коцкестите завршуваа нерешено, а нерешено беше и на полувреме. Тоа беа нокаут дуели, па мораа да се играат продолженија, во едниот случај (лани во финалето на Лигата на нации имаше и пенали), а на крај се радуваа Шпанците.

Последната победа на Хрватска беше во Лигата на нации во 2018 со 3-2, а и тогаш за малку мечот ќе завршеше со „икс во икс“, но Једвај даде гол за победа во 93-та минута.

За вечерашниот меч во Берлин од ЕВРО 2024, квотата во Sport Life за нерешено е 3.50, а за да биде нерешено и на полувреме и на крај, квотата е мошне привлечна, изнесува 5.00, па ако верувате во традицијата, треба да уплатите и да чекате убава добивка.

- Оглас -

Најнови вести