Денеска почнува типувањето за новото, 31-во коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија. Во претходното коло двајца прогнозери имаа 11 погодени типови и од Sport Life си добија вредни ваучери од по 500 денари, а новото коло е шанса за нови добивки.
Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните пет лиги во Европа што се играат во сабота и недела, а предизвик за сите ќе биде да се погодат сите 13 фикса, како и двете резервни двојки.
Во сабота се играат десет натпревари, додека во недела три, а колото започнува со дуелот од Ла Лига меѓу Жирона и Виљареал од 14 часот. На останатите саботни пресметки има еден натпревар од Серија А, тој меѓу Кремонезе и Болоља, четири од Бундеслигата, и тоа Херта – Бохум, Хофенхајм – Унион Берлин, Шалке – Ајнтрахт Франкфурт и Вердер – Келн.
Премиер лигата е застапена со два натпревари, Фулам – Кристал палас и Вулверхамптон – Евертон, како и Лига 1 со мечевите Нант – Монпелје и Лил – Марсеј.
Во недела се играат само три натпревари, а „ѕвезда“ на денот е дербито од Серија А меѓу Наполи и Интер. Наполи веќе ја освои титулата, но Интер се бори да заврши меѓу најдобрите четири и да си го завери пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.
Тука е уште еден натпревар од Серија А, меѓу Торино и Фиорентина, а колото во Спортска прогноза се затвора со градското дерби меѓу Севиља и Бетис.
Двата резервни пара се Валенсија – Реал Мадрид и Удинезе – Лацио, кои се бројат во генералниот пласман, а може да влетаат и во основната 13-ка ако некој меч од тие биде одложен.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi Електричен тротинет и
X Box Series X.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!