Претседателката Силјановска-Давкова го врачи знамето кое ќе се вее на ЛОИ во Париз (Фото)

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ѝ го даде знамето на таеквондистката Милијана Рељиќ наменето за отворањето на Олимписките игри во Париз.

Македонска олимписка делегација беше кај претседателката, која им даде поддршка и им посака успех на нашите спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Игрите кои почнуваат в петок. Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Рељиќ и атлетичарот Дарио Ивановски.

„Со чест и задоволство го врачив македонското знаме коешто нашите олимпијци ќе го развиорат на отворањето на Летните олимписките игри во Париз 2024. Со гордост и достоинство бранете ги боите на Македонија. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, истакна Силјановска-Давкова.

- Оглас -

Најнови вести