Претседателот на Ајнтрахт им делеше пари на навивачите – за пиво (Видео)

Кога екипата на Ајнтрахт гостуваше кај естонска Флора во Талин, претседателот Петер Фишер направи еден гест кој фановите нема да го заборават. Тој на полувремето извади банкнота од 100 евра и и ја подели на навивачите на Ајнтрахт за да купат пива.

Ајнтрахт го доби мечот со 2-1, со победнички гол на Дејан Јовељиќ. Реваншот е в четврток во Франкфурт, и за Ајнтрахт треба да биде формалност да се најде во следната фаза од квалификациите за Лига Европа.

Погледнете како навивачите на Ајнтрахт му скандираа на претседателот „чести нè една тура“, по што тој се фати за џеб и даде 100 евра:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести