Претседателот на Интер кажа колкави им биле шансите да го купат Меси

Сега станува јасно дека ако најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, останеше на ставот дека сака да си замине од Барселона, негова следна дестинација немаше да биде Интер. Нераѕурите се спомнуваа како еден од трите кандидати за привлекување на незадоволниот Меси, заедно со Манчестер сити и Пари Сен Жермен, но претседателот на Интер вели дека неговиот клуб не бил во игра.

Шансите на Меси да си замине беа прилично големи, но не се најде клуб кој може да си ги исполни финансиските барања на Барса, која има договор со Аргентинецот до јуни 2021.

„Не се обидувавме да го ангажираме Меси. Таква голема инвестиција не е дел од нашиот клупски проект, барем не во моментов. Нашите темели се иновација, планирање, постојан напредок и економска стабилност“, рече претседателот Стивен Џанг во интервју за „Кориере дела сера“.

- Оглас -

Најнови вести