25.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Претседателот на Комо за шпекулациите околу доведување на Меси: Тоа не е ни сон, тоа е…

Првиот човек на фудбалскиот клуб Комо, Мирван Суварсо, ги искоментира шпекулациите дека сакаат да го купат Лионел Меси. Според него, трансферот на Меси во Комо е како невозможна мисија.

Додека тренерот Сеск Фабрегас кој играше во Барса со Меси, за трансферот рече „Никогаш не вели никогаш“, Суварсо ги олади фановите на клубот од градот покрај познатото езеро со луксузни вили во близина на Милано.

„Меси и семејството беа гости во Комо кај Фабрегас и неговата сопруга. Би било сон да го доведеме да игра за нас, но зошто тој би ги оставил парите кои ги заработува сега? Не сме имале контакт со него на оваа тема. Тоа не е ни сон, тоа е невозможно“, смета Суварсо.

Договорот на Меси со Интер Мајами е до декември годинава, па додека е паузата во МЛС лигата можеби би играл полусезона некаде во Европа за да биде во топ форма за Светското првенство, затоа и има шпекулации во врска со неговата иднина.

- Оглас -

Најнови вести