21.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Претседателот на Ла Лига: „Јамал не ја доби Златната топка само поради возраста“

Усман Дембеле ја освои Златната топка, на второто место заврши Ламин Јамал, а фудбалерот на Барселона го доби трофејот „Кепа“ за најдобар млад фудбалер. Сепак, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека Шпанецот не се закити со Златната топка само поради возраста.

„Ако имаше 23 години, сигурен сум дека Јамал ќе ја освоеше Златната топка, но бидејќи е млад, му го дадоа само трофејот ‘Кепа’. Ако продолжи да игра на ова ниво, мислам дека нема сомнеж дека во иднина ќе ја освои и Златната топка“, рече Тебас.

Осумнаесетгодишниот Ламин Јамал минатата сезона настапи на 55 натпревари во сите конкуренции со ефект од 18 гола и 25 асистенции. Со Барселона ја освои Ла Лига, како и Купот и Суперкупот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести