Претседателот на Ла Лига му одговори на Флик: „Нека оди да се жали во УЕФА!“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, неодамна се жалеше на распоредот, односно на термините кои ги одредува Ла Лига за првенствените натпревари. Според него, воопшто не се внимава екипите да имаат одмор, посебно оние кои сè уште играат во Европа. Го посочи мечот против Ваљадолид, кој треба да се одигра на трети мај од 21 часот, само неколку дена пред реваншот против Интер во Лигата на шампионите.

Сега стигна и одговорот од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој го упати да се жали во УЕФА.

„Отворени сме да ја објасниме нашата политика во однос на термините. Нема дискриминација. Го раководиме првенството и внимаваме на интересите на сите клубови, не само на еден. Зошто секогаш ги обвинуваат националните првенства? Зошто не се жалат во УЕФА? Од таму доаѓа притисокот на распоредот“, вели Тебас.

- Оглас -

Најнови вести