Претседателот на шпанска Ла Лига, Хавиер Тебас, во разговор за „Експансион“ откри неколку шокантни информации за кои навивачите и љубителот на фудбалот му забележаа.
Тој го коментираше можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид и првпат јавно призна дека е навивач на Кралскиот клуб, нешто што и претходно беше познато, но сега првпат беше јавно кажано.
Сепак, многу поголемо внимание привлекува најавата дека натпревари од шпанската Ла Лига ќе се играат во САД, и тоа веќе од сезоната 2025/2026, односно од следната година.
„САД за нас е вториот најголем пазар, по Шпанија. Ова ќе ја зајакне нашата позиција таму. Таму веќе оперираат другите европски првенства и ние немаме избор“, рече Тебас.
Ваква идеја има уште од 2018 година, но тогаш УЕФА го стопира овој план на Ла Лига.