Тоа е најпоставуваното прашање овие денови, откако цел свет застана со спортот поради пандемијата со коронавирусот. Речиси сите фудбалски и останати спортски првенства се прекинати на одреден период и засега не е јасно на кој начин ќе се завршат шампионатите.
Во Германија се предлага крај на сезоната без да се прогласи шампион, за целокупниот план повеќе прочитајте ТУКА, додека Италијанците ќе продолжат со натпреварувањето откако ситуацијата со вирусот ќе се смири на Чизмата.
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Олас, понуди решение за француската Лига 1 која оди на штета на неговиот клуб. Имено, Олас предлага да се земе во предвид идејата на Германците, сезоната да заврши според моменталниот распоред на табелата, при тоа да не се прогласи шампион. Овој предлог допрва ќе се разгледува меѓу клубовите.
Првите три екипи, во случајов ПСЖ, Марсеј и Рен, би обезбедиле учество во Лигата на шампионите, односно учетво во квалификациите, додека тимовите од четвртото до шестото место ќе играат во Лигата на Европа. Лион по 28 кола е на седмото место со 40 бода, така што за нив нема излез во Европа, освен ако не се одржи финалето од Лига Купот, па Лион со евентуален триумф против ПСЖ да се пласира во второто европско натпреварување.