Клубовите одбија менување на форматот, Серија А ќе продолжи со натпреварување

Италијанските прволигаши ја одбија опцијата сезоната во Серија А да се доигра во плејоф/плејаут формат. Ова значи дека најелитното фудбалско натпреварување на Чизмата ќе продолжи со натпреварување како и досега откако ќе се смири ситуацијата со коронавирусот во земјата.

Засега останува првичниот план да се доиграат преостанатите 12 кола, натпреварите би се играле на секои три дена додека шампионатот би се одвивал и во текот на јуни месец. Фактот што Италијанците планираат да играат фудбал и во јуни, значи дека ЕП 2020 дефинитивно ќе се одложи за наредната година, а конечна одлука за тоа ќе се донесе во вторник.

Како што е познато, цела Италија е во карантин откако до вчера се забележаа вкупно 17.000 случаи на заразени од вирусот откако настана пандемијата, додека повеќе од 1.200 лица ја загубија животната битка со Ковид-19.

Иако 26-тото коло не се комплетира пред привремениот прекин на сезоната, моменталната состојба на врвот на табелата е:

  1. Јувентус 63 бода
  2. Лацио 62 бода
  3. Интер 54 бода
  4. Аталанта 48 бода
  5. Рома 45 бода
  6. Наполи 39 бода…
- Оглас -

Најнови вести