Претседателот на Примера е јасен: Барселона нема шанса да потпише со Левандовски

Првиот човек на шпанската Примера дивисион, Хавиер Тебас изјави дека во овој момент Барселона нема шанса да потпише со играч како што е Роберт Левандовски. Во последните неколку недели на големо се шпекулира дека полскиот репрезентативец ќе биде нов играч на каталонскиот гигант, но Тебас објасни зошто е тоа невозможно.

„Моментно, Левандовски не може да потпише со Барселона. Немаат можност како да потпишат договор. Треба да средат одредени работи, но не знам дали тоа ќе се случи. Правилата и бројките се јасни. Ако веќе имате 500 милиони евра загуба од претходните две сезони, мора да најдеш начин некако да ги вратиш. Дури потоа ќе може без проблеми да донесат други играчи. Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен, а со оглед на тоа колкава плата тој добива во германскиот тим, но и фактот дека мора да се плати оштета за раскин на договорот, не гледам начин како тој би бил нов играч на Барселона“, објасни Тебас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести