Претседателот на Спортинг со порака: „И послаби играчи од Ѓекереш плаќате по 75 милиони евра“

Виктор Ѓекереш за две сезони во дресот на Спортинг Лисабон постигна неверојатни 97 гола на 102 натпревари, па очекувано е што е еден од најбараните напаѓачи во овој преоден рок.

Манчестер јунајтед и Арсенал се помеѓу екипите кои го сакаат потписот на шведскиот репрезентативец, но „црвените ѓаволи“ испратија понуда од 60 милиони евра плус десет милиони евра во бонуси, што го налути претседателот на Спортинг Лисабон, Фредерико Варандаш.

„Спортинг немора да го продаде, но остануваме чувствителни на сништата на Виктор. Нема да бараме да се активира откупната клаузула и ќе бидеме разумни околу цената. Верувам дека постои голема веројатност дека ќе го продадеме. Зубименди кој е шест месеци помлад од Ѓекереш направи трансфер за 65 милиони евра. Куња и Мбуемо, двајцата напаѓачи, кои го немаат квалитетот на Виктор, ниту пак пазарна вредност како него, ќе си одат за околу 75 милиони евра. Затоа и таа е нашата цена, бидејќи Виктор е помеѓу најдобрите фудбалери во светот.“ – вели Варандаш.

Спортинг Лисабон ќе го продаде Ѓекереш на екипата која ќе понуди најмалку 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести