15.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Претседателот на ТСЦ: Во Србија, ни Реал Мадрид не би можел да биде шампион

Претседателот на ТСЦ Балка Топола, Јанош Жембери, изјави дека титулата во српската фудбалска лига е речиси недостижна за тимот, и покрај големите инвестиции во инфраструктура и развој на млади играчи.

ТСЦ е првиот тим што значително инвестираше во инфраструктура. Изградивме спортски центар, младинска академија со помош на унгарската држава, а дури подоцна и стадион. Создаваме добри млади играчи. А, кога станува збор за титулата, дури ни Реал Мадрид не може да биде шампион во Србија“, рече Жембери за време на панелот „Фудбалот во регионот – како да се подигнат домашните лиги“.

Жембери не навлезе подлабоко во објаснувањето зошто смета оти никој друг освен Црвена ѕвезда не може или „не смее“ да биде првак.

Амбициозниот ТСЦ постигна историски пробив во 2019 година, кога изборија промоција во Супер лигата и оттогаш, клубот од Бачка Топола бележи извонредни резултати: секоја сезона завршуваат во горната половина од табелата, еднаш завршувајќи на третото место, а еднаш на второто место.

Ја претставуваа Србија на европската сцена, учествувајќи во групните фази на Лигата на Европа и Лигата на конференцијата, па дури и во нокаут фазите на овие натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести