Прецизноста на Швајцарците ги натажи Унгарците и Шкотите (Видео)

Швајцарија ја совлада Унгарија со 3-1 во меч од Европското првенство од групата во која се и Германија и Шкотска, па после првото коло, Германците и Швајцарците се блиску до нокаут фазата.

Квадво Дуа и Мишел Аебишер ги постигнаа своите први голови за Швајцарија, Аербишер имаше и асистенција.

Во второто полувреме Унгарците се разбудија, притиснаа сериозно, Барнабаш Варга погоди за 1-2, но во 93-та минута Брел Емболо искористи една грешка на противникот и даде гол со кој стави точка.

- Оглас -

Најнови вести