Претставници на Рома го посетија Ндика во болница и дознаа добри вести!

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика, сепак немал срцев удар, потврдиле тестовите во болницата во Удине.

Додека траеше драмата на стадионот на кој се прекина мечот Удинезе – Рома, тренерот Даниеле Де Роси во паника рече дека станува збор за срцев удар, но во болница добија смирувачки пораки, а и Ндика бил добро расположен.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска падна на земја во 72 минута, држејќи се за градите и жалејќи се на болки. Беше вклучен дефибрилатор, но не беше користен, Ндика буден и свесен цело време додека лекарите му укажуваа помош на тревникот.

Тренерот Де Роси, извршниот директор Лина Сулоку и капитенот Лоренцо Пелегрини добиле дозвола да го видат Ндика во неговата болничка соба. Фудбалерот вечерва ќе остане во болница, додека остатокот од тимот ќе се врати во Рим со авионски лет од Трст до Вечниот град.

- Оглас -

Најнови вести