6709 Англија – Уругвај (20:45 ч.)
На Вембли во Лондон, Англија е голем фаворит за победа во дуел на некогашните светски прваци. Англичаните имаат 12 победи во последните 13 меча, а на последните 11 победи немаат примено ниту еден гол, што само потврдува дека јужноамериканскиот ривал ќе има тешка задача.
Уругвај има само еден пораз во последните седум меча, но тешко сега да се одбрани против Гордиот Албион.
Предлог тип: 1&2-5 (2.05)
6738 Шпанија – Србија (21 ч.)
Шпанците се подготвуваа да играат „Ла Финалисима“ против Аргентина, но откако тој дуел се откажа, ја добија Србија за противник во контролен меч. Србија пред година и пол гостуваше во Шпанија во меч од Лигата на нациите и загуби убедливо со 3:0, а реално и сега би било чудно ако резултатот не биде во голема полза на Црвената фурија.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.11)
6708 Холандија – Норвешка (20:45 ч.)
Ова се две селекции кои имаа одлични настапи во квалификациите за СП 2026 и на убедлив начин беа први во своите групи. Ако за Холандија сме навикнати да доминира и да има добри резултати (шест победи и две ремија во последни осум меча), тогаш Норвешка покажува дека сега има супер генерација која ги „меле“ противниците и има 11 победи и едно реми во последните 12 дуели.
Предлог тип: ГГ3+ (1.95)
6890 Швајцарија – Германија (20:45 ч.)
Соседско дерби на селекции кои одлично се познаваат. Швајцарија нема пораз на последните 10 меча, а Германија е со пет победи во низа. Што се однесува до меѓусебните дуели, на пет од последните шест пресметки на овие ривали, двата тима постигнувале голови и најчесто е ефикасно.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)
6865 Мароко – Еквадор (21:15 ч.)
Мароко е првата африканска селекција која играше во полуфинале на СП и уште има квалитет за големи нешта. Сепак, Еквадор игра феноменално и неверојатни 15 средби нема пораз (шест победи и девет ремија), што значи дека има квалитет да парира.
Овие две селекции се познати по силните одбранбени линии, па ако некаде може да се очекува помалку погодоци, тоа би било овој дуел.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.62)

