6709 Турција – Хрватска (18.45 часот)
Турската репрезентација има серија од четири нерешени резултати по ред и уште не знаат за победа во 2020 година. Последната победа на Турците беше во ноември минатата година против Андора, но исто така Турција и ретко губи. На последните 11 меча има само еден пораз, од Унгарија. Хрватите на последните три меча двапати победија и еднаш загубија, а сите три меча им завршија со резултат 2-1. Девет од последните десет меча на Коцкестите беа со голови на двете страни. Овие две селекции не играле меѓу себе од 2017 година наваму, последните четири дуели им беа со 0-2 гола.
Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.80)
6710 Данска – Шведска (19.30 часот)
Данска е во подобра форма според последните резултати, Данците имаат три победи по ред, и тоа сите без примен гол. Ја изненадија и Англија во Лондон, за разлика од Шведска, која загуби четири од последните пет меча. Данска од 2014 година не знае за победа над соседот Шведска, а и тогаш кога славеа последен пат, исто така стануваше збор за пријателски меч.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.50)
6712 Белгија – Швајцарија (20.45 часот)
Најдобро рангираната селекција на светската ранг-листа на ФИФА важи за фаворит. Швајцарија е многу непредвидлив тим. Швајцарците годинава немаат победено никого, но пред еден месец дадоа три гола и останаа непоразени на гости против Германија, а ја намачија и Шпанија. Традицијата најавува голеада, а треба да се знае дека Швајцарија ја згази Белгија со 5-2 во 2018 година, па сега Ѓаволите ќе имаат мотив за реванш.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.95)
6714 Холандија – Шпанија (20.45 часот)
Лалињата некако се испраксираа да играат неефикасни натпревари, последните пет настапи им беа со 0-2 гола, и тоа четири пати 0-1 гол. И Шпанија не блеска во нападот, имаат дадено само еден гол на последните три меча. Холандија пред пет години во пријателски меч ја победи Шпанија со 2-0, а последната победа на Шпанците во меѓусебните дуели беше во финалето на СП во 2010 година, и тоа со гол во продолженијата.
Предлог тип: Х (3.20)
6715 Полска – Украина (20.45 часот)
Најавите се дека Полјаците ќе играат без Левандовски, па нема да им биде лесно да ја продолжат позитивната низа од четири меча по ред без пораз. Украина во октомври ја шокираше Шпанија, па и овој меч нема да биде лесен за типување, особено што на пријателски мечеви селекторите прават многу измени во вторите полувремиња. Иако се соседи, Полска и Украина не играле меѓу себе од ЕП 2016 година, на кое беа коорганизатори.
Предлог тип: 1 (2.45)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Турција – Хрватска Х2 & 2-4 (2.30)
Де Графшап – НАЦ Бреда 1+I и 2+ II (2.45)
Холандија – Шпанија 1+I & 3+ (2.15)